Дваесетина слики од уметницата Гордана Талевска се изложени во ЦК “Марко Цепенков”. Дипломираниот сликар од Благоевград, Бугарија, првпат се претставува во Прилеп.
Имала самостојни изложби во родната Битола, Кавадарци и во Неготино. Била дел од групни изложби. Учествувала на колонии низ Македонија и Бугарија. Работела на конзервацијата и реставрацијата на Јени џамијата во Битола и на локалитетот Хераклеја…