ПРВО, ВТОРО, ТРЕТО… – СИТЕ ЗА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Шестоодделенките Ева Касниоска, Инес Лесноска и Исидора Овезоска не оставиле празно место на подиумот за наградени на државниот натпревар по информатика во Радовиш. “Ршум” направиле со апликативниот софтвер и на тестовите, па првото за Ева, второто за Инес и третото место за Исидора, не било за изненадување. Во голема мерка им помогнала наставничката Виолета Дојкоска, која ги поддотерувала power point презентациите за Кристофер Колумбо, Приказната за модно училиште и Проектот за седумте светски чуда. Со интересни слајдови, доста музика и ефекти, ја “збришале” конкуренцијата од 25 учесници од цела Македонија. Ама, откако завршил “бинарниот бој”, ферски си подале рака и си размениле фејсбук профили. Ева како награда, покрај дипломата, добила и surround звучници, а Инес и Исидора добиле две книги за MS Office.

            Инес можеби ќе била погоре на листата, ама била истоштена од државниот натпревар по математика во Скопје, каде го освоила првото место. 

Loading