Гимнастика
Блесок на гимнастичарите од КГС Партизан во салата во Битола на државниот натпревар од А лигата. Освоени се две први места. На пиедестал којзнае по којпат, се искачи Дино Бошњак во јуниорска конкуренција. Во поени далеку побегна на конкурентите, кои се бореа за второто место. Лидер е и Стефани Спиркоска кај постарите пионерки,
Вторите места припаѓаат на Хелена Зографска кај помладите пионерки, Андреја Ангелковска кај јуниорките, Ивана Јанкоска во конкуренција на сениорки, Димитар Илиески кај постарите пионери. Третопласирани се помладата пионерка Анастасија Ангелеска, постариот пионер Џулијано Христоски и младиот јуниор Андреј Деспотоски, кој јуначки издржа, повреден. Тренерот Златко Ангелески е презадоволен, со оглед на редуцираните тренинзи зимоска.
Планирани се три турнири, од кои последниот, наесен, во Прилеп.