На десетгодишнината на Дневниот центар за деца со посебни потреби Ѕуница се актуелизираат алтернативните решанија за згрижување на децата со нивното нараснување над максималната старосна граница од 26 години на неколку од штитениците. Персоналот на центарот очекува разбирање од надлежните за формираме посебна група во која би се водело грижа за постарите штитеници.
Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Снежана Јованоска вели дека два-тројца штитеници оваа или наредната година треба да го напуштат Дневниот центар, бидејќи ја минуваат границата од 26 годишна возраст.
– Известени се локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика. Во заедничкиот простор се надеваме дека ќе изнајдеме начин да не се остават на цедило и постарите штитеници – вели Снежана Јованоска.
Во Дневниот центар се згрижени над 35 деца, а под постојан надзор сега се 22 деца. Капацитетот за сместување и работа е за 25 деца, иако постои интерес и има потреба за поголем опфат на деца. Со штитениците работат двајца социјални работници, дефектолог, педагог и две медицински сестри.
Во згрижувачките семејства има 60-тина деца главно со пречки во развојот.