МАЈСКИ ПАРИ ЗА ТУТУНАРИТЕ НА СТРУМИЦА ТАБАК

Околу 550 тутунари од прилепско – долненскиот регион ги добиваат парите од Струмица Табак за предадениот тутун од ланската берба.  Откупната компанија со задоцнување продолжи со исплатата на заостанатите пари за предадениот род. На тутунарите им се исплаќаат 3, 8 милиони и евра за околу 1 200 тони откупен тутун. Со тоа кооперантите на Струмица Табак кои тутунот го предале на крајот од јануари и февруари и март годинава, во целост ќе ги добијат парите. Државниот инспекторат и изрече забрана за откуп на Струмица Табак, поради неколку месечното доцнење. Фирмата сепак обезбеди средства за подмирување на обврските до крајниот рок – 18 мај. Се смирија духовите на тутунарите, кои, заедно со кооперантите на останатите откупни фирми, ја чекаат државата да им се оддолжи со субвенција од по 60 денари за килограм предаден тутун. Тутунарите во прилепско лани предадоа околу 13 илјади тони тутун, што значи се очекува во прилепско да “влезат” уште околу 13 милиони евра.

Loading