LAST MINUTE

 

Истекува времето за предлози за Најпеткашите

 

            Учебната година започнува со ѕвонче, а завршува со НАЈ ПЕТКА! Завршна акција! Привршува Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и се разбира нај училиште за учебната 20011/12 година. Засега со голем број пораки се: нај-ученик – Евгенија Стојаноска. Андријана Димовска, Стефан Неделкоски, Марија Неделкоска, Јуле Сисиркоска, Симона Наумоска, Даниел Наумоски, Ѓорѓи Сиракоски, Филип Филипоски… За нај – наставник имаат гласови: Борка Попова, Кети Иваноска, Весна Црвенкоска, Розита Кареска, Цвете Кузманоска… Нај – одделение 4-3 од “Блаже Конески” 8 -4 од “Гоце Делчев” 7-в од ОУ “Кочо Рацин”. За најучилиште битка бијат ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Блаже Конески”. “Најгласни” во постирањето се “коневци” и “делчевци”…

 

            …Засучете ги ракавите и да се фатите за работа: номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса. Во елитното друштво на НАЈ веќе се наѕираат новите учесници. Ама не е се готово. Гласајте, гласајте и само гласајте, затоа што како и во фудбалот и овде се “игра до 90-та минута”. Не е доцна за пресврт во досегашниве резултати. Ги очекуваме гласовите на [email protected] и фејсбук страната на зенитпетка.

 

П.С. Не ги заборавајте нај – одделенијата!

 

Loading