КОНЦЕРТ В ПАРК

            

Годинава учениците од музичкото училиште презентираа интерни часови на отворено. Првпат учениците се претставија пред најблиските и наставниците со наученото на плоштадот кај “Итар Пејо”, кај паркот на Могилата и кај паркот пред судот. Се “покажаа” со дела од Шуберт, Факин, Верди, Бах и други. Манифестацијата ќе продолжи до крајот на мај. Суштината на  “пилот” проектот е да се подигне нивото на следењето на концертни настани кај поширокиот аудиториум.

Loading