ГИМНАЗИЈАТА – ОДЛИЧЕН ДОМАЌИН

Гимназијата беше домаќин на државно првенство по физика. Фискултурната сала “вриеше” од 80-те ментори, ученици и гости. Тремата ја разби тенорот Стефан Неданоски со интонација на химната. Потоа младите физичари сами со знаењето и калкулаторите се “биеја” за признанија, кои пет ученици ги однесоа на Светскиот натпревар по физика. Наградите ги освоија учениците од ПСУ Јахја Кемал од Скопје и од СОУ Др Ибрахим Темо од Струга.

Loading