Во ЦК “Марко Цепенков”
“Моќта на боите” е тематската изложба на 19 фотографии на автори, кои го изнесуваат својот критички став кон националниот симбол на Германија. Креациите изложени во салонот на ЦК “Марко Цепенков” се рефлекс на боите на германскиот национален симбол.
– “Моќта на боите – црно-црвено-златно” е извонреден пример за тоа како човек може уметнички – креативно и имагинарно, критички да се однесува со еден национален симбол – вели Гудрун Штајнакер, амбасадор на СР Германија во Македонија.
Изложбата досега е претставена во Шангај, Пекинг, Техеран, Џакарта, Скопје, Атина, Берлин…
![]()

