
Со автентично дело “инсталација во бела боја од памук и лискун”, скулпторот Атанас Атанасоски се претстави на изложбата “ Made in Macedonia ” во Лондон, што беше дел од манифестацијата “Денови на македонската култура”. Атанасоски се чувствува почестен што негово дело го виделе љубителите на уметноста од британската престолнина. Се радува што го претставил специфичниот уметнички израз, базиран на традицијата. Елиза Шулеска, директорка на Музејот за современа ликовна уметност, потенцира дека авторите биле избрани затоа што преку нивното творештво се допирале корените, религијата, традицијата со сенс за автентична ликовна елаборација.
![]()

