СИТЕ НА ГЛАСАЊЕ НА FACEBOOK ДО 25 МАЈ

НАЈ  ПЕТКА – [email protected]  Прогласувањето на победниците ќе се изведе на 31 мај на камената бина

            Само уште неколку дена до официјалното номинирање! Ајде на акција! Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и се разбира нај училиште за учебната 20011/12 година е во полн ек. Засега многу пораки се “закачуваат” во сандачето за нај-ученик. Еве дел од нив Евгенија Стојаноска, Андријана Димовска, Стефан Неделкоски, Марија Неделкоска,  Јуле Сисиркоска, Симона Наумоска, Даниел Наумоски, Ѓорѓи Сиракоски, Филип Филипоски… Учениците ги предлагаат на најнаставници да се Борка Попова, Кети Иваноска, Весна Црвенкоска, Розита Кареска, Цвете Кузманоска… Нај – одделение 4-3 од “Блаже Конески”, 8-4 од “Гоце Делчев”, 7-в од ОУ “Кочо Рацин”. За најучилиште битка бијат ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Блаже Конески”, ама сериозно граби со тенденција да ги престигне ОУ “Рампо Левката”.

            Остана уште малку време, па “удрете” на тастатурата и предлагајте нови кандидати кои можеби се подобри или поддржете ги сегашниве. Посветете внимание и на нај – одделение, затоа што атмосферата во училницата е клучна за останатите успеси.

            Засучете ги ракавите и да се фатите за работа: номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: [email protected] или на фејсбук страница на zenitpetka

            Се разбира, кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај”, зависи од вас, но бидете фер и обидете се најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму онај кој е добар и вреден ученик, умее да почитува и да другарува, има големо срце и широка насмевка…

            Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи, да ве сака, да ве слуша и секојпат помага кога ви треба. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.

            Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, она кое најповеќе ќе биде подржано по електронска пошта.

            Номинирањето ќе трае до 25 мај, да можеме на 31 мај да го извршиме изборот на јавна приредба на камената бина во центарот на градот, каде носител на  програмата ќе биде ланскиот победник ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. 

Loading