Зоран Даноски пред трансфер
Фудбалскиот интернационалец, Зоран Даноски – Шукер (21) има изгледи да заигра во Првата лига на Чешка. Напаѓачот по три години во второлигашот Баник Мост има примамлива понуда од осмопласираниот второлигаш, Прибрам.
– Потпишав преддоговор. После првенството, ќе ги прецизираме деталите – најавува Даноски.
Шукер е меѓу најзаслужните за опстанокот на Баник Мост. Сезонава даде осум гола и е втор стрелец во клубот. Најдобар меч му е дома со Б тимот на Спарта од Прага, кога беше незадржлив со хет – трик до победата од 4-2.
– Време е за елитната конкуренција, Каде ќе се потврдам со квалитет и повик во младата селекција на селекторот Бобан Бабунски – истакнува Даноски.
Даноски пред заминувањето во Чешка играше за Кожуф, Беласица и матичниот клуб Победа.