
Љупчо Дошлакоски и Никола Китаноски од Прилеп се едни од најсилните и највлијателни лобисти на Обединетата македонската дијаспора во Њу Џерси, во САД. Двајцата, и македонската “колонија” од околу 20 илјади Македонци, од кои околу четири илјади се прилелепчани од близината на Њу Јорк, секојдневно се во акција на ширењето на македонската вистината пред претстојниот Самит на НАТО во Чикаго. Веќе анимирале неколку конгресмени, заедно со претседателот на Обединетата македонска дијаспора Мето Колоски. Пренесувааат дека Американците разбираат дека нашата земја не е членка на НАТО, поради вековното име и непринципиелноста на членката на НАТО, Грција, која го спречува нашиот влез во алијансата.
Велат дека сé што е Македонец, е преокупиран со пренесувањето на правдата за Македонија на најразлични начини. Од разговори на работните места, пораки по интернет, средби со Американците… На американската нација í се сервира вистината за учеството на македонските војници во силите во НАТО во Авганистан и исполнетите критериуми за членство, потврдени од командата на НАТО.
Тие имаат чувство дека лобирањата не се залудни и без ефекти. Сметаат дека се менуваат ставовите не само кај политичарите, туку и во јавното мислење. Да има гласање во Њу Џерси Македонија да стане членка на НАТО, резултите ќе бидат 90 проценти “За”. Дури и некои Грци кажуваат дека нивната матица претерува со присвојувањето на името Македонија, зашто тоа е не е историска сопственост само на Грците. Според нашите лобисти, Грците од американската почва, се потсмеваат дека ниту американскиот град Македонија не смее да го преземе името, ако колевката на демократијата се држи до ставовите. Згора на тоа, пресудата на судот на правдата потврдува дека конечно Македонците треба да станат членка на НАТО и да се нормализираат односите од дведеценискиот спор за името.
![]()

