Осмоодделенците Христијан Иванов и Христина Атанасоска и петтодделенката Габриела Лазоска од ОУ “Гоце Делчев”, слободно можат да облечат униформа од сообраќаец и да го регулираат сообраќајот без грешка. Тројцата ученици ги освоиле првите места на натпреварот “Детски семафор”, од регионален карактер со учество на преку 60 ученици од Прилеп и Македонски Брод. Иако се подготвуваме од септември, ќе треба да ги интензивираме “вежбите”, бидејќи нé очекува државно првенство во Скопје, на 19ти мај – најави наставникот по техничко образование, Михаил Велкоски. Натпреварот бил дводелен, од тест од Регионалниот совет за безбедност во сообраќајот и практичен со возење на велосипед на полигон со поставени препреки.
На учениците од ОУ “Гоце Делчев” не им се непознаница државните натпревари. Лани и претходната година освоиле втори места. Овојпат ќе ги очекува конкуренција од 120 учесници од земја. Ќе се оценуваат за повеќе тестови и градско возење на велосипед од сообраќајни полицајци и инструктори од авто – школи. И за тестот и за возењето ќе имаат временски рок од две минути. Менторот вели дека полигонот во Скопје е поголем и е предност за нашите кои вежбаат на помал терен со повеќе пречки.
После две “сребра” и голема подготовка, редно е да се надеваат на “злато”. Ако успее да биде најдобра, Габриела ја очекува меѓународен натпревар, а, и ако бидат најдобри за нејзините повозрасни соученици, “знакот стоп” ќе биде Скопје.