Не мируваат “картушовци”. Иако редуцирани, пак фатија да “шпартаат” низ околинава. Овојпат под нозе им се најде течението на Градешка Река, почнувајќи од селото Градешница до изворите. Уживале 30-тината планинари, гледајќи ја најчистата река што се влива во Црна Река. Маршрутата била долга 16 километри низ предел, послан со ливади и дабова, букова и иглолисна шума. По завршената “домашна задача” се вратиле да ги средат спомените.