Корзо
“Готово е готово” скандираат навивачите на Корзо, лидер на табелата од Третата лига. Клубот има отворен пат до Втората лига, откако вториот Кожуф изваде само реми 1-1 кај Бабуна, а Корзо со победата во Големо Коњари со 0-1 се оддалечи со пет бода разлика. Во средата двете екипи победија и соодносот е ист, 61 со 56 бода.
Остануваат уште по четири меча во петте кола до крајот. И Корзо и Кожуф по еднаш се слободни. Доколку ривалите соберат по девет бода на три меча, ќе имаат разлика од 70 наспроти 65 бода. Така, нема ништо да решава меѓусебното дерби во Гевгелија. Кожуф и да го победи Корзо само може да ја намали разликата на два бода и да му честита за пласманот во Втората лига.
На повидок е голем успех. До крај ќе издржат победнички играчите со тренерот Тодоровски, секретарот Попов и претседателот Трајчески.
![]()


