Математички каратист

Александар Гулабоски, четвртоодделенецот од ОУ “Блаже Конески” е “перпетуум мобиле”. За него “нема одмор”. Решава математички проблеми со уживање. Дури и во слободното време. Математиката ја засакал уште од 3 – 4 години, кога умешно ги составувал коцките и броел до 100 и назад. Талент покажал во основно, бидејќи многу лесно му оделе задачите. Наставничката Борка Попова забележала и чекала момент да го истакне Александар на регионално рамниште. Во трето одделение бил првак на “Кенгур”, по математика, а годинава го освоил второто место на регионалниот натпревар по математика. Без дополнителна настава, само една од петте задачи му била потешка, а другите ги “ништел” со точни одговори. Дел во успешноста на малиот математичар има и неговата мајка, која му подготвува тестови дома. Ако е тестот точен, следува награда. Активен е како каратист. За две години тренинзи, “опашал” црвен појас. Продолжува додека не го стави околу појасот, црниот. Катите и борбите го “челичат” телото, но и духот да има сила за математичките проблеми. Александар ќе ја тера математиката низ каратето. 

Loading