Ракомет: Викендов е Купот за жени во Скопје
Утре и задутре во салата “Автокоманда” во Скопје се завршните дуели од Купот на Македонија во ракомет за жени, а во таборот на Жито Прилеп бргу спласна почетната еуфорија. Имаше амбиции за освојување на пехарот, но, по високиот пораз од Металург, тимот слезе во реалноста, а и падна уште повеќе моралот. Загубени беа првенствени бодови дома со Вардар, младиот Металург, на гости од Гевгелија.
Полуфинална пречка е Вардар. До неодамна сите го сметаа Жито Прилеп за фаворит, но брзо се менуваат работите. Вардар создаде силен тим и мали се шансите за изненадување. Важно е гостинките да вложат достоинствен отпор. Во второто полуфинале Металург се соочува со Гевгелија. Финалето е в недела.
Под планот привршува пролетниот дел. Клубот ќе анализира и ќе излезе со став за причините и каква реконструкција претстои летово.