ГУБАТ И НЕ ОТПАЃААТ?

Победа јуниор

Победа јуниор од безбедна на второлигашката табела, за кусо време падна меѓу загрозените. Придонесуваат двата пораза во серија, на гости од Кораб во Кичево со 4-0 и дома од Локомотива со 1-2. Во клубот се смирени и гарантираат дека можат да се спасат од лошото.

– Во четирите останати кола ќе профитираме, ако сакаме спас. Ќе освоиме 39 – 41 бод за опстанок, а имаме 32. На утрешното гостување во Брвеница кај солидиниот тим на Руфеја се надеваме барем на реми – вели Златко Петрески, тренер на Победа јуниор.

Loading