Гимназијата е ,,светиот грал,, за награди

Нови и стари “фаци”, кои “ршум” прават на државни првенства се честа глетка во Гимназијата “Мирче Ацев”. Матурантот Антониј Мијоски, откако доби сé што можеше да се добие од наградите по физика и математика, средношколската кариера ја окончува со лежерно освојување на третото место по информатика на државниот натпревар во Скопје. На 48-от државен натпревар на младите истражувачи во Берово, Андреј Богатиноски со неговата пресметка на масата на Јупитер без употреба на телескоп, со компјутерска симулација до милимикрон ја “потрефил” точната маса на најголемата планета во Сончевиот систем. Тоа било одлично, Андреј, од втора година, да се позиционира на второто место. Михаела Ангелеска е втора за проектот со полиуретанска пени. Теодора Кочоска од втора година изработила мерач на звук и светлина со 12 лед диоди со најмала можна димензија и добила награда. И Академијата Микросам ја претставувале гимназијалци. Филип Илиески во информатика, а колешката Данче Недеска во математика. Двајцата освоиле први места во жестока конкуренција, во која ригидно се ценел секој поен.   

Loading