Друштвото на физичарите на Македонија ја избрала прилепската Гимназија за државен “мегдан” по физика. На 55-та средношколска манифестација ќе учествуваат 78 ученици, поддржани од 32 ментори.
Директорот Кире Николоски и професорката по физика Ана Вељаноска, со доста труд да бидат домаќини, најавуваат дека ќе присуствуваат еминентни гости, меѓу кои и претставници од Природно – математичките факултети.
Натпреварот ќе започне утре. После ќе има трибина на тема “Физиката денес”, а во 16 часот ќе се знаат победниците.