Титулата за Кабелнет

Бизнис лига

Екипата на Кабелнет е првиот шампион на градската Бизнис лига во мал фудбал за сезоната, откако во финалето од плеј-офот со 3-2 на пенали, регуларно 2-2 ја совлада Златна рака Проспект. Претходно, се одиграа двата полуфинални мечеви. На првиот Златна рака Проспект лесно го совлада Агроинвест со 4-0, а на второто  Кабелнет со 3-2 го победи Спорт лајф. Пред финалето на ревијалниот меч меѓу легендарните екипи Варошко маало (Секулоски, Чолаков, Печијарески, Ветаџокоски, Јованоски, Димитриоски, Спиркоски)  и Будо (Јашмакоски, Десоски, Димитриоски, Неделкоски), заврши 2-2. Организаторот Стевче Талески дел од парите од котизацијата додели како помош на сограѓанката Весна Боцеска, а Лигата заврши со коктел и музика и веселба во салата “Сонце”.

Loading