Тежи – лежи коктел масата на Економскиот факултет “зготвена” од кулинарите на ресторанот Сонце, а подготвена за студентите и гостите на промоцијата на дипломците и магистрите. Вистинско уметничко дело подготвиле мајсторите на кујната. Под диригентската палка на организаторот, Благоја Кусески, масата “цутеше”. На софрата што се вели, имаше од пиле млеко. И човек штотуку станат од ручек да посака да вкуси дел од кулинарските креации. Раскошната трпеза предизвика подлизнување со јазикот кај гладните. Кулинарскиот танц на вкусови пленеше. Масата накитена со специјалитети изгледаше небаре преземена од слики на странски магазини. Трпезата мамеше не само гурмани, туку и оние со диети. Отидоа курбан линиите и курите за ослабување. Никој не можеше да одолее, а кога се пробаа специјалитетите, стана молк. Работеа само вилиците.