Шести обид за пехар

ЖФК Победа

Фудбалерките на Победа зачекорија кон ново финале. По подвигот над Единство на пенали среде Скопје, го декласираа тимот на Билјанини Извори од Охрид со 6-1 дома. Следи реванш на 12 мај, но предноста е недостижна. Одиме кон пехарот по шести пат. Ривалот треба да биде скопско Наше такси. Шансите се 50-50 и оттука надеж дека ќе стасаме до првиот трофеј – вели Блаже Филипоски, тренер на Победа. Стрелци на головите се Талимџиоска два, Стојческа, М. Нешкоска, Дамеска и Костова. Ова е успех за подмладениот тим. Во првенството се бори за второ – трето место, а амбициите се во Купот. Финалето е по две недели Тоа е доволно време да подготвиме нов подвиг – најавува Филипоски.

Loading