Сензација на Карабурма

Историја

Времиња дојдоа за фудбалот да се будат спомени од минатото. За паметење беа моментите од пред 24 години, спроти првомајските празници 1988, кога се одигра првенствен меч од Втората лига, помеѓу ОФК Београд и Победа. Голем фаворит беше екс прволигашот, домаќинот, на стадионот “Карабурма”. Низ директен пренос на Радио Прилеп цел град беше во Белград. Гостите наместо да се бранат, играа отворено. Поведоа 1-0, па домашните се созедоа и дојдоа до пресврт 2-1. Меѓутоа, следеа уште два гола во мрежата на прославениот домашен голман Богдановиќ. Сензација на крајот, 2-3 со головите на Гунев два и Досев. Гунев и претходно, есента му даде два гола на ОФК Београд за 2-1. Победа двапати во исто првенство го совлада големиот ривал. Од таа второлигашка сезона се памети и серијата од седум победи во серија плус реми. Сепак, за бод отпадна од пласман во единствената Втора лига и влезе во Трета. Играа: М. Јонуз, Радевиќ, Костов, В. Димоски, Досев, Ф. Јонуз, М. Стојкоски, Шалев, Т. Наумоски, М. Тодороски, Тркалинов, Сусулески, М. Конески, Гунев, а тренер беше Кирил Анески.

Loading