Продолжува ,,Книгата на отворено,,

Библиотеката продолжува со реализација на проекот “Книга на отворено”. По двонеделната пауза заради саемот на книга во Скопје, од понеделник на отворено ќе се нудат нови наслови. Има ефекти од претставувањето на “Просветно дело” и затоа го продолжуваме со ИК Матица, Култура… Сограѓаните помасовно ќе се запознаат со новите, но и постарите изданија на издавачките куќи – вели директорот Петар Петрески, кој посочува дека Библиотеката набавила нови изданија. Проектот ќе трае до крајот на мај.

Loading