Претседателски “ќатип” за “автоматичарите”

          

Inovativnosta na decatta od OU ,,Blaze Koneski,,“Ветено – сторено” важи за учениците по техничко образование од ОУ “Блаже Конески”. Со “грабнатите” први места на регионалниот натпревар во Народна техника, кинисаа на државниот да не се вратат “со празни раце”. Надежта, наставниците Бранко Бабаноски и Петар Андоноски, ја претвориле во стварност со освоените две први и две втори места на 49-та смотра на млади техничари во Кавадарци. Давид Лазароски со проектот за автоматика во сообраќајот добил 100 од 100 поени. За два бода им избегало првото место на “роботичарката” Јана Мицеска и “агротехничарката” Христина Талеска. Авио моделарот Бојан Димески останал неприкосновен со едрилицата и добил “злато”.Четворицата добиле дипломи и можност за средношколска стипендија. 

            Учесниците разговарале и со Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој бил покровител. Посебно внимание им посветил на нашите наградени, зашто и тој како дете се интересирал за роботи. Наградените ги пофалил и американскиот амбасадор Пол Волерс.

Loading