ЕПД “Картуш” не ги заборава луѓето кои животот го дале за нашава Македонија. На маршот кој го започнале во Крушево се поклониле на “апостолот” на Илинденското востание – Никола Карев, токму кога се обележувал денот на неговото погибие. Се префрлиле во селото Пуста Река на 16 километарски поход. Во село Цер пак оддале почест за загинатите востаници Христо Узунов… Убавата букова шума ги потсетила на тешките и крвави борби од пред повеќе од еден век. Крај на маршот бил манастирот Пресвета Богородица, каде починале и се вратиле дома, полни со спомени.