Пишаниот збор им “легнува” на младите

“Расте привлечноста за пишаниот збор кај младите”. Ова го вели Цеца Видова – Трајческа, претседател на Клубот на литературни творци. Потврда се мноштвото литературни творби, пријавени на наградниот конкурс на слободна тема. Пристигнаа многу издржани творби. Средношколците се натпреваруваа во категориите поезија и проза, искажувајќи ја дарбата и мотивираноста да ја изразат убавината, големината и пораката од пишаниот збор – објаснува Трајческа. Првите награди ги освоиле Михаил Темелкоски за творбата “Рубик” и Ангела Миладиноска за “Страстите на самракот”. На втората позиција се наредиле делата на Теодора Јагуриноска, Елена Атанасоска, Наталија Тодороска и Ивона Мирческа. Не помалку успешни биле творбите на третонаградените Наталија Реловска и на Ангела Терзиоска. Клубот тежнее манифестацијата да стане традиционална затоа што градот бил расадник за многу талентирани поети и писатели. 

Loading