Музички перници за вардарци

 Цврст сон и пријатен одмор по напорните мечеви ќе имаат фудбалерите на скопски Вардар, кои пред неделниот меч со 11 Октомври во Прилеп, од фирмата Комфи ангел добија на подарок музички перници. Фудбалерите беа пријатно изненадени од сопственичката, Ирена Јакимоска. По урнекот на ангиските репрезентативци, кои спиеле опуштено со музичките перници на последното Светско првенство во Јужна Африка, и вардарците ќе слушаат музика и ќе летаат во соништата да бидат “орни” за нови фудбалски подвизи за следните мечеви. Звучните перници “пеат”, поврзани со МП 3 плеер или мобилен телефон, а изборот е сопствен.  Домашните играчи на 11 Октомври ќе чекаат друга шанса. Веќе се отпишани од првата лига. Кога ќе се вратат во елитата, ќе им биде потребна песна од музичка перница. 

Loading