Трета лига
Во Третата лига – Југ 22 кола поминаа, а Корзо не попушта и се држи на врвот. Екипата на Горан Тодоровски в недела гостува во Големо Коњари за три бода за гостите. Секој меч е важен и не доаѓа предвид реми. Секаде победуваме, така и задутре во Големо Коњари – порачува секретарот Александар Попов. Претходно, во Тополчани добиено е дербито со третата Бабуна од велешко Мартолци. Во тврда игра одлучи голот на Миле Кондоски. На табелата Корзо има 55 бода, Кожуф 52, Бабуна и Вардар по 46.