Меѓу учениците од прво до петто одделение на третиот меѓу училиштен рецитаторски натпревар на основците, најуспешна е Сара Шошеска од ОУ “Рампо Левката”. Давор Паноски од ОУ “Рампо Левката” се качи на тронот. Веднаш зад него се пласира Марио Велкоски од ОУ “Гоце Делчев”, а третото место го поделија Тамара Седлоска од ОУ “Рампо Левката” и Деспина Башеска од ОУ “Добре Јованоски”. Меѓу учениците од петто до осмо одделение најсилен впечаток остави рецитацијата на Александра Илиеска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. На првото место застана Стефанија Стефаноска од ОУ “Гоце Делчев”, второто место го поделија Монализа Митреска од ОУ “Страшо Пинџур” од селото Мало Коњари и Сара Вузеска од ОУ “Круме Волнароски од селото Тополчани. Третото место го поделија Теодора Биноска од ОУ “Гоце Делчев” и Ели Миноска од ОУ “Добре Јованоски”. Диплома за најмлад учесник доби Илина Стефаноска од ОУ “Гоце Делчев”.