“Егзактната” Јасминка

На седмоодделенката Јасминка Ржаникоска сите предмети í одат “од рака”. Дефинитивно, најмногу ги сака природните науки, што бараат знаење, трпение и логичко размислување. Ги претставувала боите на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” на натпревар по физика. Го освоила второто место во конкуренција од преку 150 ученици од Битола, Крушево, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод и Демир Хисар. Два часа решавала “проблеми” со вектори и њутнови закони. Времето í било таман. Ја чека државниот натпревар во Пехчево. Ќе се “бие” за некое од првите места. Ќе биде тешко, ама со помош на наставничката Марина Нелческа ќе “тренираат” пожестоко. За Јасминка важи поговорката “нов бунар копај – на стариот не плукај”, па, покрај дебитирањето на натпреварите по физика, подолго време решава математички лавиринти. Лани била државен првак. Се “потела” три часа, ама вредело. Со “златото” обезбедила место за Олимпијадата во СУ “Јахја Кемал”, каде се закитила со пофалница, оти наоѓала математички пат за “проблемите” за исцрпувачки четири ипол часа. Државниот “трон” ја “спасил”, од општински и регионални натпревари и е директен учесник во годинешниов државен ,,меч,,.

            “Набиена” е агендата на натпревари на Јасминка. Натпреварот по математика е закажан за петти мај, а по физика 19и мај. Сопатник ќе í биде осмоодделенецот Љупче Милошески, заедно со менторот Благоја Димоски.

            Одвај наоѓа време за одмор поради подготовките и натпревари. За и релаксација чита книги поврзани со физиката и хемијата. Сака да слуша рок и класика, аа за понатаму, мислите í одат кон математичка гимназија.

Loading