Младинскиот театар “ARSVITAE” од Гимназијата “Мирче Ацев” приреди изненадување, со премиерата на претставата “Методот Гронхолм” во режија на младата аматерка – режисерка Теодора Костадиноска.
Претставата, на текст на Жорди Галсеран, има едукативна и просветна порака, особено за младите. Приказната одлично ја “донесуваат” актерите – аматери Ангела Кочоска, Емилија Андоноска, Теодора Костадиноска, Дејан Стојкоски и Сара Глигороска.
Младите аматери од Гимназијата со претставата конкурираа за учество на годинешното издание на Аматерскиот драмски фестивал ФААТ во Кочани.