Против бујната вегетација, раширените крошни и милионските лисје, “Комуналец” има тертип. Нов изглед добиваат сите дрвја кои ги нанижале годините и се изобличиле. Под острото око на комуналните работници во подвижната кошница, паѓаат старите гранки кои ќе бидат заменети со млади и зелени ветки. Кастрењето не е само естетска операција, туку и безбедносна. Често старите крошни се испреплетени и во кабли и жици и стануваа потенцијална опасност. Или пак пречат во сообраќајната сигнализација. Иако со пролетниот “дрес код”, градот останува посиромашен со сенки, сепак дрворедите добиваат нов изглед и се небаре под конец.