Храм и пред спортската сала Македонија

         

Темели на мала црква посветена на светецот Наум Охридски се поставија пред спортската сала Македонија. Осветувањето го изврши митрополитот Петар во сослужение на свештениците од прилепското архиерејско намесништво. Градбата на храмот со мали димензии ја поддржуваат  жителите на населбата Старо Корзо, локалните власти и МПЦ. За три недели се поставени камен – темелници на три цркви. Се осветија темелите на црквата Свети Пантелејмон во дворот на болницата и Свети Константин и Елена во Типската населба. За забрзување на градбата на црквата Света Петка во Точила, дел од македонската естрада одржа донаторски концерт. Средствата од билетите и телефонските јавувања се насочија за доградба.

Loading