Естрадата поттикна донации

Успешен донаторскиот концерт за доградба на црквата Света Петка во Точила

Собрани се околу осум илјади евра

Организаторите се задоволни од собраните средства од билетите, донациите и од вртежите на телефоните, со кои се донираа по сто денари. на хуманитарниот концерт за доградба на црквата Света Петка во Точила. Придонес дадоа естрадните уметници Блага Петреска, Елена Велеска, Благоја Грујоски, Сузана Гавазова, Ристо Бомбата, Кросроуд блус бенд, ФОЛТИН, Елена Петреска и други музичари. Преку телефонските јавувања дониран се околу 2000 евра и уште 6000 евра донирале граѓаните со билетите и на трансакциската сметка. Отворање на дарителската душа предизвикаа и политичарите, пратениците, актерите, новинарите, уметниците, на кои граѓаните им се јавуваа на телефоните за донации зад сцената во ЦК “Марко Цепенков”.

{gallery}PULS/204/koncert{/gallery}

            Градоначалникот Марјан Ристески им честита на граѓаните на високата свест за поддршка на градбата на православниот храм.

            – Продажбата на билетите, две илјади телефонски повици, донациите без билети, се потврда дека на граѓаните им е потребна новата црква во Точила. Тоа нé охрабрува, и заедно со МПЦ и иницијативниот одбор, да продолжиме во изнаоѓање други форми за доизградба. Понатамошните акции ќе бидат од културен, забавен и спортски карактер – рече Ристески.

            Организаторите се заблагодарија на медиумските куќи Канал 5, 5+, ТВ Канал Визија, неделникот “Зенит” и на локалните радиа, за силната поддршка и за придонесот во успешноста на хуманитарниот концерт. Уште се во функција мобилните телефони за донации. Може да се дарува по сто денари за црквата со вртење на  броевите на ОНЕ операторот, 075/143 250, и на ВИП 077/143 111.

            Иницијативниот одбор не се сомнева дека ќе продолжи ова темпо на донации, со што ќе заврши градбата, и црквата ќе им се даде на граѓаните за изразување на верските чувства за патронот на градот Свети Никола.

            Од концертот и од трите донаторски конференции досега се собрани и вложени во градбата околу 120 илјади евра. Целосната финансиска конструкција е околу 300 илјади евра. Црквата се гради од 2008 година. Посветена е на десеттемина убиени прилепски бранители кај Карпалак во 2001година. Таа е прв верски објект што се гради во Прилеп по 100 години.

Loading