Ракомет
Според ждрепката во Купот, Жито Прилеп во полуфиналето за ривал го има Вардар. Незгоден тим, кој изваде неочекувани 37-37 минатото првенствено коло. Сепак, чудата ретко се случуваат, а доколку екипата на Методија Петлески заигра посигурно, патот до финалето е извесен. Вториот полуфинален меч е Металург – Гевгелија. Дуелите се на 11 и 12 мај во Скопје. Во првенството, по поразот од Металург (28-40) и ремито со Вардар (37-37), Жито Прилеп гневот го исфрли кон Куманово. Победата е сигурна и висока со 20-35. Најефикасна е црногорската репрезентативка Биљана Павичевиќ со 11 гола. Викендов е гостување кај Гевгелија. Тежок меч и важен. Треба да се добие за после сите мисли да се свртат кон 4. коло, кога е пресудната пресметка за 2. место кај Вардар. На табелата води Металург, а рамо до рамо се Жито Прилеп и Вардар.