Тренинзи до полноќ

РК Прилеп

Сериозно тргна обновувањето на машки ракометен клуб Прилеп. Стартуваа тренинзите со 30 ракометари. Некогашниот репрезентативец Орде Илиоски, со помошниците Страшо Илиески и Ице Соколоски работат трипати неделно во салата “Сонце”. Користат термини пред полноќ. Наесен на ќе тренираат во салата од СУ “Ристе Ристески – Ричко”. Играчкиот кадар е разновиден. Од познатите од минатото, се голманот Боби Митрески, пивотот Пеце Трајкоски, бекот Јане Локвенец, левото крило Филип Василески. Се подготвуваат за мечеви за Првата лига, со намера што поскоро враќање во Супер лигата, во која клубот згасна есента 2010. Во Управата претседател е Александар Мариноски, сопственик на конфекцијата “Кули”, а секретар е Рубин Седлоски, некогашен пивот на Тутунски.

Loading