
Буи природата по долгата зима. Јапонските цреши, засадени зад старата турска бања, од “грмушки” израснаа во дрвја со бујни цветови. Тие се празник за очите во април. Веќе се оформуваат и крошните. Раскошните дрвја од Далечниот Исток не даваат плодови, но цутовите наречени сакура, од дамнина биле инспирација за јапонските мислители, кои филозофирале под црешите, пиејќи саке. Тие биле и симбол на камиказите. И кај нас, имаме слична традиција. Се ужива во глетката со кафе. Под црешите се “бистри политика”. Можеби, кога црешите ќе израснат, ќе излезе некое ремек дело, создадено токму под нив.
![]()

