Планинарите под Крушево

Марш под крушевските села изведоа шеесеттина планинари ЕПД Картуш. Тие одвај го издржаа велигденското мирување без природа и веднаш се “втурнаа” да ја освојат околината на селата Саждево, Јакреново, Белушино, Селце, сé до Локвени. Блиската тура била атрактивна, не многу долга, туку оптимална да се растегнат нозете по велигденското “лежење” и  конзумирање масти. Велат дека сé што “натрупале” на телото неколкуте празнични дена, го потрошиле во маршот од околу 15 километри.

Двајца нивни членови запнале на напорен поход од селото Ореше кај Богомила, преку Чеплес, Солунска Глава и Караџица, до скопско Водно.

Loading