Месец на детско творештво

Манифестацијата Месец на детско творештво во ЦК “Марко Цепенков”, почнува на трети мај. Учениците до 20 мај ќе се дружат, ќе се забавуваат и ќе ги презентираат знаењата постигнати годинава. “Детските смотри” први ќе ги отворат учениците од ОУ “Гоце Делчев”, а на крај се програмите на учениците од ОМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”. Родителите, бабите и дедовците ќе можат да ги чујат песничките, рецитациите, музичките кореографии што ги совладале нивните најмили. Да им ракоплескаат и нормално за тоа да ги наградат.

Loading