Фатен коњ в парк

Комуналните редари во соработка со “Комуналец” фатија коњ, ослободен од  својот сопствник, што пасе низ зелените површини на градот. Луксузот да му ја извади ортомата и да го пушти животното да се храни на недозволено место, сопственикот ќе го чини најмалку 50 евра. Совесните граѓани ја алармирале службата на локалната самоуправа, а таа со редарите брзо го отстранила коњот од паркот. Дознаваме дека на сопственикот не му било првпат да му го извади оглавникот и да го пушти коњот слободно да шета по улиците, иако еднаш веќе бил  санкциониран.

Loading