Во знак на благодарност кон медицинскиот персонал на болницата за помошта во совладувањето на порокот, членовите на Клубот на лекувани алкохоличари “Методија Николоски – Мец” засадија дрвца во болничкиот двор. И во септември, членовите на Клубот пак ќе засадуваат садници. Еднодневната еколошка акција е со цел збогатување со зеленило на дворниот простор. Во облагородената средина, пациентите ќе можат да најдат пријатен простор за одмор при болничкото лекување. По завршувањето на третманот во здравствената установа, поранешните алкохоличари продолжуваат со активности за апстиненција во клубот кој го носи името на лекарот кој најмногу придонесе во борбата за справување со болестите на зависност во општинава.
Низ програмата на клубот минале над три илјади членови.