Трета лига
Кулминираат возбудувањата во Третата лига – Југ. В недела (10ч.), во Тополчани се игра дербито меѓу водечкото Корзо и третата Бабуна од велешко Мартолци. Само победа гледа домашниот табор, предводен од претседателот Трајчески и секретарот Попов. Гостите се тврд орев со ново засилување, Левков од Напредок. Совладливи се, оти веруваме во себе, а збор ќе има и нападот со Тодоровски и Никовиќ – вели секретарот Попов. Одбран е предпладневен термин, навивачката група “Мајмуни” да биде на трибина. Хитот на сезоната заслужуваа поддршка, оти од Петта лига стаса до Втора.