Будо – Варошко маало

Бизнис лига

В сабота (16, 30 ч.), во салата “Сонце” е завршниот турнир од градската Бизнис лига во мал фудбал. Од четирите меча, три се “нокаут”. Се среќаваат најдобри, кои влегуваат во борба за титулата. Во првото полуфинале се Златна рака Проспект – Агроинвест, а во второто Спорт лајф – Кабелнет. Третиот дуел е всушност ревијален. Силите, како пред 30 години, ќе ги одмерат најпознатите, легендарните екипи на Варошко маало и Будо. За првите се очекува да настапат голманот Пеце Секулоски – Вукас, Љупчо Печијарески, Рубин Ѓорѓиоски, за вторите Диме Мендизоски, Марјан Гулески – Лутото… Финалето од Бизнис лигата е на крајот, а се пресметуваат победниците од полуфиналињата. Потсетуваме, во основниот дел прво место со сите победи освои З. Р. Проспект, втор е Кабелнет, трет Спорт лајф, четврти Агроинвест.

Loading