Уметничко видување на градбите

“Градбите низ уметноста и графиката”, е тематската изложба отворена во изложбениот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Изложени се 65 дела – 20 графики, 40 цртежи и апстрактни дела создадени од вештите раце на младите уметници од насоката графички дизајн на СУ “Ристе Ристески – Ричко”. Талентираните ученици, под менторство на професорите Тони Палачаров и Александар Костадиноски, преку својата креативност и инвентивност создале вредни уметнички дела, со што покажуваат дека се на патот да станат одлични уметници.

Loading