Темели за црквата Свети Константин и Елена

Во типската населба

Сакрален објект посветен на Светиот цар Константин и Светата царица Елена ќе се подигне во Типската населба. Осветувањето на темелите го изврши митрополитот Петар во сослужение на свештениците од прилепското архиерејско намесништво. За три недели ќе се постават камен темели на три цркви. Со божји благослов и поддршка од верниците, започна изградбата на уште еден црковен храм. Мината недела беа осветени темелите за изградба на црквата Свети Пантелејмон во кругот на болницата, а в понеделник ќе се постави камен темелник на црквата Свети Наум Охридски на влезот во градот, во близина на Могилата. Прилеп има 80 илјади жители од кои 98 насто се православни. Градот добива и други храмови, освен градените во 19 век или почетокот на 20 -тиот век. Тие цркви се во центарот, кога градот броел малку жители и ги задоволувале потребите. Пораснати се потребите за цркви во другите населби за да бидат подостапни, отколку оние во центарот – вели митрополитот Петар.

Црквата Свети Константин и Елена, како и останатите ќе ја гради фирмата ВИКОМ, а ќе биде 10 на 7 метри.

Loading