Сто социјалци на работа

Од први мај, локалните власти ќе ангажираат сто социјални случаи за јавни работи. Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески. Според него, социјалците ќе работат девет месеци. Директорот на Бирото за вработување Силвана Пашоска соопшти дека се намалил бројот на невработените последниве пет години, поради активните владини мерки, спроведувани преку Агенцијата за вработување. Ако во 2007 година биле евидентирани 24800 невработени, според податоците сега се 19 000 – рече Пашоска. Таа го објасни субвенционирањето на малите и средни претпријатија за да  вработат едно до пет лица, со што добиваат по 92 000 денари за секој вработен, кој ќе треба да го задржат најмалку една година.

Loading