“Одредени дисперзирани студии не се укинуваат, туку се разместуваат во други места да функционираат посоодветно. Некои програми ќе мируваат”. Ова го изјави Панче Кралев, министерот за образование при промоцијата на 150 економисти и на над 20 магистри на Економскиот факултет. Министерот смета дека е важна соработката меѓу универзитетите и бизнис заедницата, а Економскиот факултет продуцира квалитетни кадри за поширок економски развој. Тој ја нагласи потребата од меѓууниверзитетска научна и образовна соработка, како што е студиската програма за магистри на Економскиот факултет со Франклин универзитетот од САД и докторските студии со шпански, француски и италијански универзитети.